Авганистански владин портпарол убиен во Кабул

Дава Кан Менапал, денеска е убиен во Кабул. Талибанците ја презедоа одговорноста за убиството.

Директорот на Авганистанскиот владин медиумски и информативен центр (ГМИЦ), Дава Кан Менапал е убиен во Кабул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Талибанците ја презедоа одговорноста за убиството, коешто доаѓа откако милитантите претходно неделава рекоа дека ќе целат на владини претставници.

„За жал, дивите терористи уште еднаш извршија кукавички чин и убија патриот Авганистанец“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мирвејс Станикзаи.