Истрага за нападот врз кубанската амбасада во Париз

Работници ја чистат изгорената фасада на Кубанската амбасада во Париз

Француските власти отворија истрага за вчерашниот напад што предизвика мала штета на кубанската амбасада. Меѓународниот прес центар на кубанското Министерство за надворешни работи соопшти дека три молотови коктели биле фрлени кон зградата, од кои два ја погодиле и запалиле амбасадата.

Според соопштението, кубанските дипломати го гаснеле пожарот додека француските пожарникари и полицијата пристигнале на местото на настанот.
Париската полиција потврди дека два молотови коктели ја погодиле амбасадата.

Антивладини протести во Куба

Куба беше потресена од масовни протести против длабоката економска криза, постапувањето со пандемијата на коронавирусот од страна на комунистичкиот режим и ограничување на граѓанските слободи. Како одговор на протестите, владата во Хавана изврши масовни апсења и ограничен пристап до социјалните медиуми и платформите за пораки.