Пожарот во Карбинци ставен под контрола

Ставен под контрола е пожарот кај Карбинци, во близина на Штип. На терен се уште има пожарникари и месно население, кои не дозволуваат пожарот да се шири.

Изгореа две викенд куќи, пумпна станица за вода за пиење, фотоволатична централа, шумски појаси и околу 100 хектари земјоделско земјиште.

Од една од викендичките евакуирани се и три лица.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев изјави дека пожарот го гаснеле четри возила и дваесеттина пожарникари, како и месното население со земјоделска механизација. Тој вели дека пожарот предизвикал голема материјалната штета.

Пожарот избувнал околу 16 часот. Засега не се знае причината за пожарот.