Петнаесет нови случаи на ковид-19, нема починати

Илустрација: Заболени од ковид-19 се носат во болница

Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 15 нови случаи на коронавирус, а шестмина луѓе оздравеле. Нема починати од вирусот, информира Министерството за здравство. Направени биле 2.550 тестирања.

Од новите случаи, 10 се во Скопје, по два во Куманово и во Дебар и еден во Тетово.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени е 150.243, на починати е 5.488, а на активни случаи изнесува 234.