Поројните дождови во изминатите 24 часа предизвикаа поплави на 36 локации во 15 романски области. Според последните информации, две лица загинале.
Службата за вонредни ситуации (ИГСУ) денеска соопшти дека противпожарни и спасувачки служби се обидуваат да евакуираат десетици туристи кои се блокирани од надојдената вода.
Погодените области од невремето се Алба, Аргеш, Ботосани, Брашов, Клуж, Караш-Северин-Ковасна, Дамбовита, Хунедоара, Неамт, Олт, Прахова, Сибиу, Тулчеа и Темис, објави Аџерпрес.
„Ја испумпавме водата од 19 куќи, 56 дворови и 70 подруми. Нашите колеги отстранија и 13 дрвја кои паднаа на патиштата и оштетија три автомобили. Во кампот Заноага во областа Дамбовита, поради поплавите во текот на ноќта, 25 лица беа блокирани во автомобили или приколки. Водата се повлече и на луѓето им беше дозволено да ги напуштат локациите. Пожарникарите интервенираа и во Бустени, каде што се евакуирани осум лица “, наведува Службата за вонредни ситуации.
- Дали потопи како во западна Европа ќе има сѐ почесто?
- Невремињата стануваат почести, тешко е да се прогнозира нивниот интензитет
Според истиот извор, 20 лица сместени во хостели во Аргеш се изолирани поради поплавите.