Русија побара гласање во СБ на ОН за укинување на високиот претставник во БиХ

Советот за безбедност на ОН, архивска фотографија

Русија побара од Советот за безбедност на ОН да гласа за нацрт-резолуцијата со која се повикува на укинување на Кабинетот на високиот претставник во БиХ до 31 јули следната година, потврди Руската амбасада во Сараево. Амбасадата, како што се наведува, не може да прецизира кога резолуцијата треба да биде разгледана пред Советот за безбедност, бидејќи станува збор за техничко прашање.

Русија и Кина предлагаат укинување на високиот претставник во БиХ


Во нацрт-резолуцијата се наведува дека овластувањата дадени на Високиот претставник на конференцијата за спроведување на Дејтонскиот договор во 1997 година „повеќе не се потребни поради напредокот што го постигнаа страните во БиХ“. Назначувањето на новиот висок претставник Кристијан Шмит беше поддржано во нацрт-резолуцијата, во која се наведува дека неговата канцеларија треба да биде затворена до 31 јули 2022 година.