Киднапирана ќерката на авганистанскиот амбасадор во Пакистан

Илустрација

Авганистанските власти соопштија дека е хоспитализирана ќерката на авганистанскиот амбасадор во Пакистан Силсила Алихил откако била кидинапирана и измачувана неколку часа во Исламабад.

Авганистанското министерство за надворешни работи силно го осуди овој „грозоморан чин“ и ја изрази својата длабока загриженост за безбедноста на своите дипломати и нивните семејства во Пакистан.

Во соопштението е наведено дека авганистанските власти ја повикуваат владата во Пакистан да ги идентификува и гони сторителите, што е можно побрзо. Татко на киднипираната девојка е амбасадорот Наџибулах Алихил.