Илјадници Руси маршираа во верска поворка и покрај забраната поради ширење на ковид-19

Поворката на руските верници во Екатеринбург во време на пандемија

Неколку илјади руски православни верници учествиваа во верската поворка во Екатеринбург иако локалните власти не дозволија се оддржи настанот поради пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за поворка која редовно се одржува уште од раните 90-ти по повод годишнината од погубувањето на царот Николај Втори и неговото семејство од страна на болшевиците во 1918 година.

Русија нема да одобри странски вакцини против коронавирусот

Рускиот православен митрополит за Екатеринбург учествувал на поворката .
Според официјалните податоци од почетокот на пандемијата во Русија се евидентирани повеќе од 5,8 милиони заразени со ковид-19 и над 144 000 смртни случаи.Во овој период од годинава Русија се справува со значително голем трет бран на инфекции.