Поплавите во Германија однесоа 81 жртва, повеќе од 1.000 исчезнати

Една жена гледа во остатоците што ги донесе поплавата покрај реката Ахр, по обилните врнежи од дожд во Шулд, Германија, 15 јули 2021 година.

Бројот на луѓе кои го загубија животот во големите поплави во западниот дел на Германија се зголеми на најмалку 81, јави германскиот радиодифузер АРД. Околу 1.300 лица се водат за исчезнати во областа Ахрвејлер јужно од Келн, соопшти окружната влада на Фејсбук. Мобилните телефонски мрежи не функционираат во некои од поплавените региони, што значи дека семејството и пријателите не беа во можност да ги пронајдат нивните најблиски. Цели делови се отсечени откако надојдените реки зафатија градови и села во државите Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц.

Расте бројот на жртви од поплавите во Германија

Денеска неколку куќи во Ерфштат близу Келн се урнаа, а спасувачките екипи се бореа да им помогнат на жителите кои се вратиле во своите куќи и покрај предупредувањата, соопшти окружната влада во Келн на Фејсбук. Истекувањето на гас дополнително ги попречува спасувачките екипи кога се обидуваат да стигнат до заглавените луѓе. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер за магазинот „Шпигел“ изјави дека федералната влада има за цел да обезбеди финансиска поддршка за погодените региони што е можно побрзо.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Неколкумина загинати и десетици исчезнати во поплавите во Германија