Времето денеска: сончево и топло

Ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде од 28 до 38 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 37 степени.