Двајца војници загинаа во Пакистан

Пакистанската воена полиција соопшти дека најмалку двајца војници загинеле при експлозија на бомба поставена на пат во југозападниот дел на земјата. Во соопштението е наведено дека нападот се случил во текот на ноќта во место Куда Бакш Базар во провинцијата Балучистан.

Според полицијата зад нападот стојат „непријателски разузнавачки сили“ и акцијата за апсење на сторителите се уште е во тек. Засега нити една група не презеде одговорност за нападот.

За претходните вакви напади се обвинуваа малите сепаратистички групи кои беа вклучени во долготрајниот бунт со кој се бараше независност на провинцијата од централната влада.

Пакистанските талибанци и групата Исламска држава се исто така присутни во провинцијата Балучистан. Таа провинција се наоѓа во близина на границата со Иран и Авганистан и во последниве неколку месеци е евидентиран зголемен бројот на напади врз војници. Минатиот месец, пет војници беа убиени откако вооружени лица отвориле оган кон патрола во областа Сиби во Балучистан.