Борисов дал исказ во полиција

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ Бојко Борисов денеска во полиција дал изјава, за како што вели, настани од периодот 2009-2012 година.

Тој по информативниот разговор во полиција за медиумите изјавил дека бил повикан за „измислици од пред 13 години“.

„ Сите работи беа – некој нешто слушнал, некој нешто зборувал“ изјави Борисов по напуштањето на зградата на полицијата.

Претходно Борисов на новинарско прашање зошто е повикан на информативен разговор во полиција изјавил дека не знае што да очекува од техничкиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков и дека веројатно ќе го прашаат зошто учествувал на изборите.

Неодамна Рашков рече дека Борисов ќе биде предмет на проверка, оти постоеле сомнежи дека вршел притисок врз сведоци. Борисов, пак, вели дека не се сеќава дека на некого му вршел притисок.

ГЕРБ нема да поддржи проект за влада на партијата „Има таков народ“

„Има таков народ“ победник на изборите во Бугарија

Додека Борисов давал изјава во полиција, пред зградата се собрале негови симпатизери и поддржувачи кои скандирале пароли со поддршка за него.