ГЕРБ нема да поддржи проект за влада на партијата „Има таков народ“

Бојко Борисов

Бугарската политичка партија ГЕРБ нема да го поддржи проектот на владата на партијата „Има таков народ“. Ова го соопшти Бојко Борисов на брифинг во седиштето на партијата, јави дописникот на МИА од Софија.

Борисов рече дека доколку им биде доделен мандат, тие веднаш ќе го вратат. Поранешниот бугарски премиер рече дека најверојатно нема да влезе во 46-то Национално собрание како член на парламентот и ќе поднесе оставка.

Радев се надева дека по изборите Бугарија ќе има нова Влада

Лидерот на ГЕРБ ги повика другите партии да преземат одговорност и да формираат влада, бидејќи во спротивно Бугарија ќе биде во хаос.

„Покажете здрав разум, соберете се и направете нешто за државата да работи нормално. Два месеци сме против Слави. Која е логиката да го поддржувам сега?”, рече Борисов.

Дали потезите на бугарскиот шоумен ќе го вратат Борисов на власт?

Според него, партијата на Слави Трифонов која освои најмногу гласови на изборите, нема да успее да формира влада.