18 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1 лице.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1 лице. Не се регистрирани починати пациенти.

Филипче: Размислуваме за алтернативни решенија, на настани само со сертификат за вакцинација

Инаку досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.

Во врска со тоа дали се планира воведување на построги мерки во земјава, бидејќи се намалува интересот за вакцинација, се појавуваат нови кластери на заболени и не сите здравствени работници се вакцинирани, министерот за здравство Венко Филипче рече дека според нивните анализи здравстениот персонал е вакциниран со прилично висок процент, некаде 85 проценти, а се чекаат и анализите со опфатот на вакцинација на вработените во училиштата и градинките.