Парламентот на Литванија одобри приведување на мигранти

Парламентот на Литванија

Парламентот во Литванија го одобри масовното притворање на барателите на азил во услови на пораст на бројот на илегални мигранти кои доаѓаат од Белорусија, за кои земјата вели дека ги организира владата на Александар Лукашенко за да ја казни балтичката нација за поддршката на демократската опозиција во Белорусија.

Околу 84 членови на парламентот од 141 член гласаа за усвојување на законот и покрај протестите на Црвениот крст и други невладини организации, велејќи дека со тоа се кршат меѓународните обврски на Литванија и правата на мигрантите.

Литванија смета дека режимот на Лукашенко се обидува да изврши притисок врз блокот од 27 нации како одговор на санкциите што ги воведе ЕУ по присилното пренасочување на комерцијалниот лет на Рајанер кон Белорусија со лед да се уапси опозициски блогер и неговата девојка.

Вчера највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел сугерираше дека Лукашенко може да се соочи со понатамошни санкции поради напливот на илегални мигранти кои преминувале од Белорусија во Литванија.

На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсберис и шефот за надворешна политика на ЕУ, Борел се согласија дека Минск ги користи мигрантите како „оружје“ во спорот со блокот.

„Треба да бидеме многу строги кон режимите што користат вакви видови на оружје, пред сè со санкции“, рече Ландсбергис.