Бесими - Продолжува поддршката за стопанството и ранливите категории

Министерот за финансии Фатмир Бесими

Поддршка на стопанството и на ранливите категории на граѓани преку разни економски мерки ќе има и годинава, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој денеска на прес-конференција во Владата посочи дека во услови на периодични бранови на пандемија, огромен предизвик за нашата и за економиите од регионот ќе биде да тргнат повторно по патот на закрепнување и раст. Па, затоа како што вели поддршката не треба нагло да се прекинува, туку постепено.

Додаде дека во планот за среднорочното буџетирање и во Буџетот за 2022 година ќе биде предвидено постепено враќање на односот меѓу примарниот дефицит и БДП на ниво пред кризата.

Одговарајќи на новинарско прашање за намалувањето на ДДВ-то за струјата, Бесими рече дека се додека не се донесе законот за намалување на ДДВ, сметките за струја ќе се плаќаат со 18 отсто ДДВ. Законските измени предвидуваат ДДВ-то да не намали од 18 на 5 проценти.