Симонс: една од мисиите на ЕУЛЕКС е „елиминирање на големите риби“ во Косово

Собранието на Косово

Поранешниот главен судија на ЕУЛЕКС, Малком Симонс, изјави пред косовското собрание дека една од мисиите на ЕУЛЕКС била „елиминација на големи риби“ од политичкиот живот на Косово. Симонс преку видео врска им соопшти на членовите на Комисијата за законодавство на косовското собрание дека ЕУЛЕКС, наводно, доставил бројни документи до српското обвинителство, за злосторствата во Косово, за нивните сторители и изјавите на сведоци од албанска националност. Тој рече дека му верува на Специјалниот суд во Хаг исто колку и на судските органи во Русија и Иран и оти смета дека Специјалниот суд е „создаден само за да ги осуди поранешните команданти на ОВК“. Тој исто така рече дека ЕУЛЕКС сакал да го отстрани сега починатиот Оливер Ивановиќ од политичкиот живот, кој, според него, бил отворен против Владата во Србија.

Мандатот на ЕУЛЕКС продолжен за две години

ЕУЛЕКС оцени дека изјавите на Симонс пред косовските пратеници се „збир на несовесни и неосновани шпекулации, невистини и лични мислења“. „Сметаме дека ова е уште еден обид за дискредитација на Мисијата (ЕУЛЕКС) од страна на оние кои се заинтересирани да го нарушат владеењето на правото на Косово, како и самата ЕУ. Знаејќи дека не може да биде тужен за клевета, г. Симонс учествуваше во намерно дезинформациска кампања за наводни злосторства извршени за време на неговиот престој во ЕУЛЕКС, кои имаат за цел да им служат на специфични тајни мотиви“, се вели во одговорот на ЕУЛЕКС.

Хашим Тачи обвинет за воени злосторства, на суд на 9 ноември

ЕУЛЕКС, како што рече, на ова гледа како на уште еден обид за дискредитација на Мисијата и како одраз на незадоволството на Симонс од исходот на трите истраги спроведени против него од страна на властите на ЕУ во Брисел и предадени на Британија за понатамошно постапување.