Вкупно 86 милиони киловат часови (kWh) неовластено користена електрична енергија во вредност од 8,7 милиони евра е евидентирана во Црна Гора од 2016 година, објави Црногорскиот систем за дистрибуција на електрична енергија (ЦЕДИС).
Од вкупната сума, ЦЕДИС успеа да собере околу 70 проценти или шест милиони евра, пишува весникот Дан.
Само годинава ЦЕДИС наплатил над 1 милиони евра од украдена струја.
Неовластено користење електрична енергија во Црна Гора се третира како кривично дело.