Шефовите на дипломатиите на ЕУ ќе разговараат за Авганистан и Либан

високиот претставник за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел

На денешниот Советот за надворешни работи на ЕУ на кој ќе претседава високиот претставник за надворешни работи Жозеп Борел министрите ќе имаат можност да добијат новости и да реагираат на најновите случувања во врска со Авганистан, Јужен Кавказ и Либан. Средбата потоа, како што е наведени, ќе продолжи со размена на мислења за геополитиката на новите дигитални технологии, Етиопија и стратешкиот компас.

Предан – Ако ЕУ не се прошири на Западен Балкан, ќе дојде некој друг

Министрите исто така се очекува да одобрат заклучоци за Глобално поврзаната Европа и за приоритетите на ЕУ на 76-то Генерално собрание на Обединетите нации. За време на работниот ручек, тие ќе имаат можност неформално да разменат мислења со израелскот министер за надворешни работи, Јаир Лапид.