14 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Тестирање за Ковид-19.

Регистрирани се 14 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа од направени 2.876 тестирања. Нема регистрирани починати лица, а оздравени се двајца пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од новозаразените, 8 се во Тетово, Гостивар 3, Скопје 2 и Струга 1.

Од почетокот на пандемијата досега во земјава се дијагостицирани 155.797 лица со Ковид-19, починаа 5.487 лица и 150.122 беа излекувани.

Бројот на активни случаи во моментов изнесува 184.

Граѓаните од утре ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19 без да закажат термин, информираше Министерството за здравсво.

Првата доза вакцина граѓаните ќе можат да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.

Спортските сали остануваат само за масовна ревакцинација, каде ќе се вакцинираат само граѓани кои имаат термин за вакцина.