Стејт департмент: во С. Македонија е генерално лесно да се води бизнис, проблем е корупцијата

Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем, се вели во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во државата за 2021 година. Во извештајот, како што јави ВОА, се наведува дека имало кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, судството и многу други сектори. Актуелната Комисија за борба против корупцијата отвори бројни истраги поврзани со корупција, фокусирани на високи официјални лица од политичкиот спектар, за наводни непотизам и конфликт на интереси, стои во извештајот, во кој се додава дека „Транспаренси интернешнл ја рангираше Северна Македонија на 111. место од 180 земји, согласно Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е пад од пет места, поради недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација.

Брнс: Борбата против корупцијата-критично важна за Северна Македонија

Како резултат на јавното разочарување и притисок поради високиот индекс, делумно, го поттикнаа вицепремиерот за борба против корупцијата да воведе етички кодекс за членовите на Владата и сите други функционери назначени од Владата, според кој тие мора да се посветат на транспарентна и одговорна работа“. Чести се извештаите за непотизам на јавните тендери. Владата не обезбедува никаква посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата. Многу бизниси кои работат во Северна Македонија, вклучително и некои американски, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството.

Битката против корупција декларативна, многу афери без разврска

Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик во Северна Македонија, посочувајќи на прекумерно владино, бизнис и/или политичко мешање во судството, и недоволното финансирање и управување со административните судови како големи пречки. Владата продолжи со големи реформи, во текот на целата 2020 година, за подобрување на судската независност и непристрасност, но спроведувањето на договорите и согледуваните нетранспарентни практики за јавни набавки остануваат предизвик за деловните субјекти, се вели во извештајот во кој се заклучува дека Северна Македонија продолжува да биде отворена за комерцијални инвестиции на САД.