Времето денеска: сончево и многу топло

Ќе биде сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде од 31 до 40 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 39 степени.