Косово усвои резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница

Косовскиот Парламент

Косовските пратениците на 6 јули усвоија Резолуција со која се осудува на геноцидот врз муслиманското население во Сребреница во Босна и Херцеговина, извршен од страна на босанските Срби во јули 1995 година. Овој настан на воениот суд на ОН беше прогласен за геноцид.

За Резолуцијата, покрената од коалицијата на косовските Бошњаци „Вакат“, гласаа 89 пратеници и немаше ниеден глас „против“, ниту пак „воздржан“.
Предлогот на бошњачката коалиција го поддржаа сите пратенички групи во 120-членото Собрание на Косово, како од власта, така и од опозицијата,.
Партијата Српска листа на малцинството етнички Срби на Косово ја бојкотираше дебатата за резолуцијата и не учествуваше на гласањето. Тие ја напуштија седницата на почетокот на расправата.

Резолуцијата ги повикува државните институции да ги испочитуваат жртвите на геноцидот , следејќи го примерот на Европскиот парламент, при што се прогласува 11 јули за Ден на жртвите на геноцидот во Сребреница.

Во јули 1995 година српските сили во БиХ ликвидираа над 8.000 невооружени машки лица, меѓу кои и многу малолетни деца, од бошњачка националност во Сребреница енклава, која беше прогласена за „безбедносна зона“ од страна на Обединетите нации.

Овој масакр се смета за најтежок во Европа по Втората светска војна. И воениот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ и поранешниот политички лидер Радован Караџиќ беа осудени на доживотен затвор од судот за воени злосторства на ОН во Холандија за геноцид во Сребреница.

Минатиот месец резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница усвои и Собранието на Црна Гора, што предизвика остри реакции од страна на партиите на црногорските Срби и на официјален Белград.