Исплови бродот што го блокираше Суецкиот канал

Огромниот брод со контејнери, кој го блокираше Суецкиот канал во март, конечно го напушти местото каде што беше закотвен повеќе од три месеци откако Египет потпиша договор за обештетување со неговите сопственици и осигурувањето.

Сведоците велат дека „Евер Гивен“ го извадил сидрото кратко по 9.30 часот по средноевропско време и се упатил на север кон Медитеранот, јави Би-Би-Си.

Условите на договорот не се откриени, но познато е дека Египет побарал 550 милиони долари. Бродот беше запленет три месеци во близина на градот Исмалија. Гигантскиот товарен брод, откако се насука во март, го блокираше Суецкиот канал една недела пред спасувачите да успеат да го поместат.

По блокадата на Суецкиот канал, Русија го нуди Арктикот

Суецкиот канал од 193 км го поврзува Средоземното Море на северниот крај на каналот со Црвеното Море на југ овозможувајќи најкратка морска врска помеѓу Азија и Европа.