Продолжен притворот за Весели, Реџепи и Красниќи, одлуката за Тачи подоцна

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи на ТВ во кафе-бар додека тој e пред судот за воени злосторства во Хаг, Приштина, 9 ноември 2020 година

Трибуналот во Хаг им го продолжи притворот за уште два месеци на поранешните членови на Генералштабот на ОВК, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи кои се обвинети за злосторства во Косово и Албанија, 1998-99 година. Судијата Никола Гију, го одби нивното барање за ослободување од судски притвор во Шевенинген, каде што се наоѓаат од ноември минатата година. Одлуката за барањето за укинување на притворот за првообвинетиот, поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, ќе ја донесе судијата Гају подоцна, бидејќи Тачи, поради промената на бранителот, имаше продолжен рок до 30 јуни да го поднесе тоа барање.

Историја на Хашкиот трибунал: Децении на правда за злосторствата во екс-Југославија

Гију изјави дека, спротивно на нивните тврдења, сè уште постојат сите причини за продолжување на притворот и оти утврдил дека постои основано сомнение дека тие сториле кривични дела за кои биле обвинети. Според одлуката на судијата Гиху, постои ризик - доколку бидат ослободени од притвор - обвинетите да се обидат да избегаат, да ја попречуваат работата на судот и да влијаат врз сведоците. Судијата исто така зеде предвид дека Косово има „постојана клима на заплашување на сведоци и мешање во кривична постапка против поранешни припадници на ОВК“. На првото појавување пред судот, во ноември, сите обвинети се изјаснија за невини.