Деветмина уапсени во Хонгконг под сомнение за тероризам

Илустративна фотографија.

Девет лица се уапсени во Хонгконг под сомнение дека се занимавале со терористичка активност, соопшти полицијата додавајќи дека апсењето се случило по обид за експлозија и поставување бомби низ целиот град, пренесува АП.

Апсењата се случија во време на политички поделби во Хонгконг, две години откако во градот со месеци се случуваа масовни антивладини протести. Минатата недела маж од Хонгконг прободе полицаец со нож, пред да се самоубие.

Од деветте уапсени, шестмина се средношколци. Групата во домашна лабораторија во хостел се обидувала да направи експлозивен триацетон трипероксид (ТАТП), соопшти полицијата.

Тие планирале да користат ТАТП за бомбардирање тунели над пристаништа, железници, а дел од овие експлозивите планирале да ги стават во корпи за отпадоци на улици „за да ја зголемат штетата нанесена на општеството“, соопшти полицијата.

Од деветте уапсени, петмина се мажи, а четири се жени на возраст од 15 до 39 години, изјави Ли Кваи-Вах од Одделот за национална безбедност на полицијата во Хонгконг.

Властите соопштија дека ги заплениле апаратите и суровините што биле користени за производство на ТАТП.