Во изминативе 24 часа се направени се 1.650 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи со ковид-19 од кои пет во Скопје и еден во Кичево. Регистрирани се 27 оздравени пациенти, и не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.
- Од 12 јули вакцинација и без закажан термин
- Нема нови мерки, вакцините се алфа и омега против делта-сојот
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројот на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 130.