Папата Франциск во болница, чека операција

Папата Франциск

Папата Франциск е во болница во Рим, каде што ќе му биде оперирано дебелото црево, соопшти денеска Ватикан.

Не е наведено кога ќе се случи операцијата, но во соопштението се наведува дека јавноста ќе биде информирана кога операцијата ќе биде готова.

Папата претходно денеска, за време на обраќањето пред верниците на плоштадот Свети Петар во Рим, потврди дека ќе учествува на верскиот конгрес во Будимпешта на 12 септември, а потоа истиот ден ќе отпатува за Словачка.

Ватикан соопшти дека Папата ќе ги посети Братислава, Прешов, Кошице и Састин.

Долго време се очекуваше Папата да присуствува на мисата на 12 септември во Будимпешта, а сега ја прифати поканата, соопшти Ватикан.

Немаше коментар за тоа дали Папата Франциск ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на неговата посета.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни рече дека Папата Франциск бил поканет и од цивилните власти и од свештениците во двете земји.