Шест нови случаи на коронавирус, нема починати

Илустрација: Тестирање за коронавирус

Во изминатото деноноќие се регистрирани шест нови случаи на коронавирус во Македонија, од направени 3.028 тестирања, информира Министерството за здравство. По 2 ново случаи се регистрирани во Скопје, Битола и Кичево.

Не се регистрирани починати лица.

Не се регистрирани оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.