Во Флорида се трага по преживени додека се приближува ураган

Местото каде се урна 12-катница во Мајами.

Во Флорида продолжуваат напорите за спасување на местото каде се сруши зграда во време кога се приближува ураган. Спасувачката акција на местото на урнатата зграда претходно беше запрена на 15 часа, поради безбедносни причини.

Официјални лица денеска соопштија дека работат на плановите за уривање на она што остана откако минатата недела неочекувано се урна дванаесеткатница.
Досега бројот на загинати е 18, а уште 145 лица сè уште се водат за исчезнати. Спасувачката акција трае девет дена.

Се уште не е утврдена причината за колапсот на зградата, во близина на Мајами.
Дополнителна загриженост за спасувачките екипи претставува и тоа што се приближува ураган кој може да ја погоди Флорида за неколку дена.

Елса, првиот ураган за оваа сезона, се засилува и во моментов им се заканува на Карибите.

Претседателот на САД, Џо Бајден, на 1 јули ги посети луѓето кои први помогнале при падот на зградата семејствата на загинатите и исчезнатите, велејќи дека ќе им помогне со „сè што им треба“.