Од утре пријавување на вакцинирани во странство за ревакцина во Македонија

Вакцинација против ковид-19 во Србија.

Оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава, ќе може да се пријават на веб страницата vakcinacija.mk/revaccination. Веб страницата ќе биде во функција од 3 до 10 јули, соопштија од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека преку регистрацијата на граѓаните, ќе можат да добијат детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат.

Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години.


За сите други граѓани после регистрација на сајтот, од Министерството за здравство појаснуваат дека ќе направат обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што, како што велат, ќе информираат прецизно во јавноста.

Досега македонски граѓани се вакцинираа и во соседна Србија, каде сега вакцинирањето на македонските државјани е без претходно закажување.