Нови 11 заразени со ковид-19 и еден починат

Вакцинирање против ковид-19 во Скопје.

Во последните 24 часа регистрирани се 11 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 2.723 тестирање, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има пет нови случаи, во Тетово -три и во Битола, Берово и Пехчево по еден новозаразени со коронавирусот.

Регистрирани се четири оздравени пациенти. Пријавено е едно починато лице од Македонски Брод на возраст од 43 години. Пациентот починал во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.