Шведска: премиерот на кој му беше изгласана недоверба доби мандат да формира нова влада

Шведскиот премиер Стефан Левен

Шведскиот премиер Стефан Левен, на кого му беше изгласана недоверба во парламентот доби мандат да се обиде да формира нова влада, бидејќи лидерот на опозициската Умерена партија Улф Кристерсон кој пред два дена ја доби истата задача, рече дека не успеал да обезбеди мнозинство. Претседателот на парламентот Андреас Норлен рече дека Левен треба да одговори до понеделник дали може да обезбеди мнозинство за формирање влада во собранието од 349 члена.

Лидер на опозициска партија во Шведска доби мандат да формира влада

На 21 јуни, шведскиот парламент донесе гласање за недоверба на Левен, на барање на Шведската демократска националистичка партија, откако Левицата ја повлече поддршката за владата во врска со планот за олеснување на контролата за закупнини за новоградби. Левен беше на чело на владата на малцинската коалиција составена од социјалдемократите и зелените. Неговата партија има 100 места од вкупно 349 во парламентот. Тој е премиер од 2014 година и додека не се формира нов кабинет, тој ќе ја предводи преодната влада. Општите избори во Шведска се закажани на 11 септември 2022 година.