Прва меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог

Македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, Преспа 17.06.2018.

Во Охрид и во Отешево денеска ќе се одржи првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог. Дводневната конференција е на тема „Западен Балкан: делот што недостасува за комплетирање на Европа“. На неа ќе учествуваат претседатели, премиери, официјални лица и експерти од Западен Балкан и Европската унија. На отворањето на конференцијата ќе присуствуваат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, поранешната висока претставничка на ЕУ Федерика Могерини (преку видео врска) и поранешниот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан, главните креатори на Договорот од Преспа од 2018 година.

Сите македонски датуми за ЕУ

Според соопштението на македонската влада, на конференцијата ќе учествуваат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, како и четири премиери од регионот, Еди Рама, Зоран Тегелтија, Ана Брнабиќ и Албин Курти и осум министри за надворешни работи од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија. Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер.