Од денеска свадби и во затворен простор

Угостителски објект во Скопје

Во услови на стабилна епидемиолошка состојба Владата донесе одлука од денеска да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот. Во исто време, Министерството за здравство соопшти дека на националниот систем „Мој термин“ е воведена можност за издавање сертификат за прележан ковид-19. Сертификатот им се издава на сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на Ковид-19 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.

Сертификат за прележан ковид-19 преку системот „Мој термин“

Досега во земјата се направени вкупно 879.339 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223.