Хашки суд осуди екс шефови на српската безбедносна служба по 12 години затвор

Поранешниот прв оперативец на Службата за државна безбедност на Србија, Франко Симатовиќ-Френки

Хашкиот суд денеска донесе пресуда со која се осудуваат поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, на по 12 години затвор за злосторства на „Црвените беретки“ против несрпското население во Босански Шамац, во пролетта 1992 година.

Според пресудата, Судот смета дека сега 71 годишниот Станишиќ, а тогашен началник на СДБ Србија и првиот оперативец на Службата сега 71 годишниот Симатовиќ се виновни за помагање и поддржување прогон, убиство, депортација и присилно преместување муслимани и Хрвати од таа општина.

Пресудата исто така утврди дека не е докажано дека Станишиќ и Симатовиќ биле учесници во заедничко злосторничко дело, чија цел била трајно и насилно отстранување на несрпското население од големи делови на територијата на Хрватска и Босна и Херцеговина, јавува новинската агенција Бета. Станишиќ и Симатовиќ, кои беа привремено ослободени во Србија, беа вратени во судскиот притвор во Шевенинген на 24 јуни.

Според обвинението, Станишиќ и Симатовиќ биле протагонисти на заедничкиот злосторнички потфат, предводен од српскиот претседател Слободан Милошевиќ, чија цел била да се воспостави доминација на Србите во делови на Хрватска и БиХ со насилно и трајно отстранување на несрпското население. Според обвинителите, Станишиќ и Симатовиќ дадоа „смртоносен придонес“ во тој потфат преку „специјалните единици“ на српската СДБ кои извршија злосторства во Хрватска и БиХ.