СДСМ со пратеник плус по оставката на Богдановски од ДОМ

Собрание на Република Северна Македонија

Пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски, поднесе оставка, а неговото место ќе го заземе пратеник на СДСМ. Собранието денеска ја констатираше оствака на Богдановски, како и на членот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) Дино Дрпљанин.

Тие не ги образложија своите оставки, а претседателот на Собранието, Талат Џафери констатираше дека престанува нивниот мандат. Според листата во Собранието, пратеник сега станува Даниела Николова од СДСМ. Со тоа, владејачката партија ќе има еден пратеник повеќе во Парламентот.

Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функција на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.