Започна вакцинацијата со „Синовак“

Вакцината „Синовак“

Од Министерството за здравство соопштија дека во вакциналните пунктови низ државата од денеска почнала да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако истата ги помина сите потребни законски процедури. Вакцинацијата со „Синовак“, според соопштението, се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре.

„Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3 годишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници“, велат од Министерството за здравство.

До вчера вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.