Левица ја обжали одлуката за пратениците кои гласаа во скафандери

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, во скафандер гласаше во Собрание

Политичката партија Левица го обажли решението со кое се отфрла кривичната пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери и против двајцата пратеници од владејачката коалиција: Бисера Костадинова Стојчевска и Мирослав Богдановски, кои гласаа во Собранието додека беа позитивни на коронавирусот.

Правниот им на партијата поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство поради „суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба и повреда на Кривичниот законик“, се наведува во соопштението од Левица.

Во него се наведува дека согласно Протоколот за организирање на конститутивна седница бр. 02-2342/1 (30.07.2020), донесен од Собранието на РМ, е предвидено обезбедување присуство и сместување на пратеник на кој му е издадено решение за самоизолација, но кој е само суспектен, а не и позитивен на ковид-19.

Во април двајца пратеници од владејачкото мнозинство во заштитни одела присуствуваа на седница на која се гласаше за законите за финансиска помош за илјадници граѓани и компании.