Од гевгелиско оро до руски кафеани

КОСОВО - Едно лице е уапсено во Газиместан за време на прославата на Видовден, празник на Српската православна црква. Газиместан се наоѓа на 15 километри од главниот град на Косово, Приштина.

ГРЦИЈА - Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат во текот на годинава ќе добијат ваучер, односно електронска припејд карта што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности.

МАКЕДОНИЈА - Досегашните искуства со делта варијантата на коронавирусот во Израел и во Велика Британија покажуваат дека 95 отсто од сите заболени се во категорија на невакцинирани или вакцинирани со една доза, изјави денеска д-р Драган Даниловски на трибина насловена Вакцинација и предизвици со Ковид-19.

МАКЕДОНИЈА - Ако продолжи трендот на сегашната епидемиолошка состојба во државата со мал број на пациенти кои се лекуваат во болниците, може да се случи во август или на почетокот на септември да се прогласи крај на епидемијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на трибина насловена Вакцинација и предизвици со Ковид-19.

САД / РУСИЈА - Американските конзулати во Русија од 1 август ги прекинуваат своите активности поради недостаток на персонал, откако Москва го ограничи бројот на руски државјани на коишто им е дозволено да работат во амбасадата.

АЛБАНИЈА - Албанската Влада се одлучи за зголемување на јавниот долг оваа година на 82,4 отсто од Бруто домашниот производ (БДП), со што се зголемува буџетскиот дефицит на ниво од 120,5 милијарди леки (околу милијарда евра) од 108 милијарди лека колку што планираше на почетокот на годината.

МАКЕДОНИЈА - Градот Гевгелија и општината, по повеќе од десет месеци, според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, од денеска официјално се пресели на листата од 15 општини во државата во кои нема корона-заразени пациенти.

САД - Системскиот расизам против луѓе со африканско потекло е распространет во многу делови од светот, вели шефицата за човекови права на ОН Мишел Башеле во глобалниот извештај поттикнат од убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис минатата година.

ФРАНЦИЈА - Французите масовно апстинираа од гласањето на регионалните избори, а резултатите покажуваат неуспех на центристичката партија на претседателот Емануел Макрон и на екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен.

РУСИЈА - Во Москва, каде што во изминатите 24 часа се потврдени 6723 нови случаи на коронавирус, а 114 луѓе починаа, од денеска стапуваат на сила нови епидемиолошки мерки.

АВСТРАЛИЈА - Австралија се бори со неколку кластери од инфекцијата со делта-сојот на коронавирусот кој е позаразен, па стручњаците предупредуваат дека земјата е во најопасната фаза од избивањето на пандемијата.