Американската армија изврши воздушни напади против милиции поддржани од Иран во пограничната област меѓу Ирак и Сирија, како одмазда за нападите со беспилотни летала од страна на групите против американскиот персонал и објекти во Ирак. Пентагон на 27 јуни соопшти дека претседателот Џо Бајден наредил „дефанзивни“ воздушни напади врз оперативни цели и складишта за оружје што ги користеле милициите на две локации во Сирија и една локација во Ирак.
Беспилотни летала урнати над американска база во Ирак
Во соопштението се наведува дека објектите ги користеле неколку милициски групи поддржани од Иран, вклучувајќи ги Катаиб Хизбалах и Катаиб Сајид ал-Шухада. „Како што беше демонстрирано со ударите на оваа вечер, претседателот Бајден беше јасен дека ќе дејствува за да го заштити персоналот на САД“, наведе Пентагон. Воздушните напади доаѓаат откако ирачките курдски власти на 26 јуни изјавија дека четири беспилотни летала со експлозиви погодиле локации надвор од главниот град на полуавтономниот регион Арбил. Нема извештаи за жртви.