Здравствените власти денеска соопштија дека се регистрирани 9 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.293 тестирања. Починати се 3 пациенти, а оздравени се 13.
Во моментов во земјава има 233 активни случаи на корона вирус, од кои најмногу во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу во Скопје и Куманово се по 3, додека во Битола, Штип и Дебар по еден.
Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 155.663, а бројот на смртни случаи е 5.484 лица.
Досега во земјава направени се вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 149.946 лица.