Брнабиќ: Во Србија нема доволно вакцинирани за колективен имунитет

Српската премиерка Ана Брнабиќ.

Во Србија засега нема доволно вакцинирани лица за колективен имунитет, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

На панел дискусија во Белград на фармацевтската компанија Хемофарм насловена „Година на промени во здравјето, пандемиите, лекциите“, Брнабиќ рече дека се вакцинирани само 17 проценти од популацијата под 30 години.

„Вакцинацијата е прашање на национална безбедност, а доколку не се вложат дополнителни напори Србија ќе остане една од најранливите земји кога станува збор за корона вирусот“, рече Брнабиќ.

Премиерката додаде дека во моментов 0,8-0,9 проценти се позитивни на Ковид-19 во однос на бројот на тестирани.

Зборувајќи за резултатите од здравствените истражувања што ги спроведе групацијата Стада кој е сопственик на Хемофарм од Вршац, Брнабиќ изјави дека довербата во домашниот здравствен систем е зголемена за 12 проценти.