Македонската репрезентација против Холандија на ЕУРО 2020

Македонската фудбалска репрезентација последниот натпревар на ЕУРО 2020 ќе го игра против репрезентација на Холандија

Денеска во 18 часот македонската фудбалска репрезентација ќе игра против репрезентација на Холандија која со две победи во групата Ц се пласираше во осминафиналето на Европското првенство. „Не можеме само да ги поминеме. Мора да играме добро за да победиме, и тие ќе ја сфатат оваа игра исклучително сериозно“, изјави селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Франк де Бур. Северна Македонија ќе го заврши првото големо натпреварување во својата историја во групната фаза, бидејќи загуби од Австрија со 1: 3 и од Украина со 1: 2. Селекторот Игор Ангеловски рече дека е задоволен од играта во второто полувреме против Украина и дека се надева дека неговиот тим ќе игра така во Амстердам. „Во второто полувреме, ние бевме вистинска Северна Македонија. Така ќе играме против Холандија“, изјави тој.

Граѓаните убедени во успех на македонските фудбалери на ЕУРО 2020

Вчера, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев објави крај на репрезентативната кариера по натпреварот со Холандија. 37 годишниот Пандев одигра 121 натпревар за македонската репрезентација. Тој веќе еднаш се прости од играњето за репрезентацијата, но ја смени одлуката откако Игор Ангеловски дојде на селекторската позиција во 2015 година.