Французинот кој го удри Макрон осуден на четири месеци затвор

Францускиот претседател Емануел Макрон доби шлаканица од Дамиен Терал при средбата со граѓани во југоисточна Франција, 10.06.2021

Дваесет и осумгодишниот Французин кој се опишува себе си како симпатизер на десницата е осуден на четири месеци затвор за удирање по лице на претседателот на Франција Емануел Макрон.

Пресудата на Дамиен Тарел му беше изречена денеска во судот на Валенс. Тој пред два дена му удри шлаканица на претседателот Макрон додека одржуваше средба со граѓани во југоисточна Франција.

Тарел беше обвинет за напад врз јавна личност за што највисоката казна е три години во затвор и 45 000 евра. Тој беше осуден на 18 месеци затвор од кои 14 месеци му суспендираа. Исто така забрането му е да извршува јавни фунции и да поседува оружје во следните пет години.

Осудениот рече дека шлаканицата за Макрон била импулсивна и предизвикана од неговото верување дека е виновен за падот на земјата. Терал пред истражителите кажа и дека има право на крајно десничарски политички уведување, но дека не е член на никаква парија или група.

Макрон не го коментираше на судењето, но рече дека ништо и никогаш во демократско општество не го оправдува насилството.