Нови 18 заразени со Ковид19, еден починат

Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид19. Од нив во Скопје осум, во Куманово пет, во Кочани два, во Тетово, Крива Паланка и Кратово по еден.

Пријавено е едно починато лице од Скопје на 61 година, кое е починато во болнички услови. За истиот период регистрирани се 31 оздравен пациент.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.