Стејт департмент: Санкциите за Западен Балкан овозможуваат одговор на заканите

илустрација

Соединетите Држави сè уште не објавија нови имиња опфатени со проширениот опсег на регулативата за санкции за поединци и организации од Западен Балкан, кои го загрозуваат мирот и стабилноста на регионот, соопшти Стејт департментот за РСЕ.

„Но, овој механизам им овозможува на Соединетите Држави да одговорат на најактуелните закани за стабилноста и да напредуваат демократските институции“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

На 8 јуни американскиот претседател Џо Бајден го прошири опсегот на вонредни мерки за земјите од Западен Балкан, прокламирани со одлуката од 2001 година, како и критериумите за воведување американски санкции.

Како што објаснуваат од Стејт департментот, претседателот потпиша нов извршен декрет со кој се надградува и модернизира постојниот и се прошируваат критериумите со цел да се справат со тековните предизвици како што се корупцијата и други активности што ги попречуваат клучните институции и меѓународните договори, вклучувајќи нови договори институции.

„Ја прошируваме нашата програма за санкции за да обезбедиме и да се насочиме кон поширок спектар на малигни активности во регионот“, информираат од Стејт департментот.

Реакции за најавените санкции на САД за непочитување на Договорот од Преспа

Договорот од Преспа во проширените санкции на САД за Западен Балкан

Како што е објаснето, новата регулатива вклучува и продолжување на санкциите за оние кои го кршат Договорот од Преспа од 2018 година, со кој Македонија и Грција се согласија да го сменат името на Македонија во Северна Македонија.

Инаку, декретот за санкции на 26 јуни 2001 година прво го донесе тогашниот претседател на САД Џорџ Буш и оттогаш санкциите редовно се продолжуваат.

Санкциите вклучуваат забрана за влез во САД и замрзнување на имотот и финансиите во Соединетите држави. На граѓаните на САД им е забрането да учествуваат во трансакции со лица на списокот со санкции.