Во Брисел ќе бидат претставени приоритетите на Словенија како претседавач на ЕУ

Словенија нареден претседавач на ЕУ

Постојаниот претставник на Словенија во ЕУ амбасадорот Изток Јарк, денеска, како што е најавено, треба да ги престави приоритетите на претстојното словенечко претседателство на сесијата за прашања и одговори на Европскиот центар за политики. На 1 јули Словенија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ. Во прилог на придвижување напред кон Планот за обновување на ЕУ и со контрола на пандемијата на ковид-19, еден од приоритетите на словенечкото претседателство, како што веќе е наајевно во Љубљана, ќе биде да ги земе предвид лекциите научени за надминување на кризата во Унијата. Оваа амбиција не е ограничена на здравјето, туку опфаќа и други области како што се идната компјутерска безбедност, климата и миграциските предизвици.

Евроинтеграцијата на Македонија еден од приоритетите на словенечкото претседавање со ЕУ

Претседателството исто така ќе даде приоритет на прашањата што беа на агендата пред КОВИД-19, како што е зелената агенда со COP26 што треба да се одржи во Глазгов во ноември. Конференцијата за иднината на Европа, започната во мај, исто така, ќе биде во центрарот на вниманието, отворајќи нов простор за дебата со граѓаните за да размислат за иднината на Европа и како да се решат европските предизвици и приоритети. Покрај тоа, словенечкото претседателство ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон европска интеграција, со тоа што ќе биде домаќин на Самит ЕУ-Западен Балкан во октомври.