Нови 28 случаи на коронавирус, петмина починати

Илустрација

Во изминатото деноноќие се регистрирани 28 нови случаи на коронавирус во земјава, а петмина луѓе починале. Направени биле 2619 тестирања, информира Министерството за здравство.

Новите случаи се регистрирани во Скопје – 16, во Куманово 9, во Тетово два и еден нов случај во Прилеп.

Пријавени се вкупно 5 починати лица: 3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72).

Регистрирани се 23 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.