Сенатот на САД одобри „историска одлука“ за технолошко спротивставување на Кина

американскиот Сенат донесе закон со кој се предвидуваат амбициозни инвестиции во науката и технологијата

Во редок случај на договор меѓу демократите и републиканците, американскиот Сенат синоќа донесе закон со кој се предвидуваат амбициозни инвестиции во науката и технологијата, претставен како „историска одлука“ за спротивставување на кинеската економска закана и на нејзиниот „авторитарен“ модел. Регулативата предвидува повеќе од 170 милијарди долари за истражување и развој, поточно за да ги охрабри компаниите да произведуваат полупроводници во САД, кои сега главно се произведуваат во Азија. Глобалниот недостиг на овие производи влијае врз многу клучни сектори - од производството на автомобили до телекомуникациите, што ја илустрира стратешката важност на ова производство.

Кина ги повика САД да ја повлечат забраната за инвестирање

Законот беше одобрен со 68 гласа и 32 против, а сега тој мора да биде усвоен од Претставничкиот дом на Конгресот, по што ќе го потпише претседателот Џо Бајден. Кина, која е во економска војна со Соединетите држави уште од ерата на Трамп, е една од ретките теми со кои сегашниот демократски претседател е во континуитет со неговиот претходник и ужива широк консензус во Конгресот.